Раул за 24Ракомет ТВ: Треба да научиме да играме без Лазаров (ВИДЕО)

Македонија загуби од Шпанија во првото коло од главната рунда на Европскиот шампионат во Хрватска, но остануваат уште два предизвици за нашите репрезентативци.

300x250

Чешка е следната селекција на менито на „Ел Команданте“ и неговите ибраници. Во пресрет на овој натпревар јавноста најмногу ја интересира дали капитенот Лазаров ќе биде подготвен за настап.

Селекторот Раул Гонзалес смета дека мора да научиме да играме без капитенот.

„Сега треба да останеме фокусирани на Чешка. Ако победиме ќе играме минимум за петто место. Не знаеме дали ќе игра Лазаров, ама треба да се обидеме да играме без него.“ – вели Раул.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот….