Раул добива фудбалско „засилување“? Легендарниот Џиџи Буфон на „тренинг“ со ПСЖ (ВИДЕО)

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој на почетокот на петтата деценија од животот направи трансфер од Јувентус во богатиот ПСЖ, се појави на тренинг на ракометната секција на францускиот тим.

Тој беше на терен со уште еден ракометна легенда, Тјери Омејер, кој беше домаќинот на ова кратко интевју. Омејер го запозна Буфон со тајните на ракометот, и двајцата застанаа на голот и шутираа, а потоа дел од играчите на ПСЖ се фотографираа со италијанскиот голман.

Погледнете ја дружбата на Буфон и Омејер…