Раул го направи последниот рез

Селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалес го направи последниот рез во националниот состав пред стартот на Европското првенство во Хрватска. На дуелот против Словенија, македонскиот состав ќе биде без услугите на голманот Златко Даскалоски, дефанзивецот Велко Маркоски и левото крило Гоце Ојлески.

300x250

Македонија утре со почеток во 19:30 часот ги почнува натпреварите на континенталниот шампионат и ќе игра против должникот Словенија, кој славеше на последните два меѓусебни дуели.

Покрај Македонија и Словенија, во групата Ц ќе играат и Германија и Црна Гора, а нивниот дуел започнува во 17:15 часот. Првите три селекции продолжуваат во следната фаза,