Раул Гонзалес: Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Битола

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес после победата од 46:27 над тимот на Пелистер во Битола искажа пофални зборови за своите ракометари и сега се концентрира на утрешниот дуел од финалето.

300x250

Раул смета дека момците кои ги имаше на терен успеале да го одработат она што го замислил, па затоа очекува да бидат уште подобри во последните две недели од сезоната.

„Задоволен сум. Мислам дека одигравме одличен натпревар. Одбраната беше добра. Сите одиграа супер и можам да бидамз адоволен. Мораме да одиграме вака и во следните две недели. Секогаш е тешко да се игра во Битола и затоа оваа победа ни значи многу“, изјави за 24 Ракомет, Раул Гонзалес.

Тој вели дека во моментов е концентриран исклучиво на она што се случува во Битола и дека дури после утрешниот дуел ќе почне да се подготвува за првиот меч на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите.

„Сега не размисуваме за Келн. Не очекува финале и треба да се подготвиме за дуелот од финалето, па дури потоа ќе размислуваме за она што ни претстои следната сабота против тимот на Монпелје“, коментираше Гонзалес.