Раул Гонзалес пред Металург: Фаворити сме, но ова е дерби дуел кој ќе донесе убав ракомет

Лидерот на табелата во СЕХА-лигата, Вардар в сабота од 20:45 часот се среќава со тимот на Металург и на овој дуел оди по 10. победа сезонава во регионалното натпреварување. Вардар е фаворит на оваа средба и сите очекувања се да биде обезбеден триумф особено после кризата во која влезе тимот од Автокоманда.

300x250

„Ни претстои македонско дерби. Очекувам ова да биде убав натпревар. Секогаш кога Металург е противник на Вардар без разлика на натпреварувањето може да се види добар ракомет. Се подготвуваме за овој меч. Не знаеме со кој состав ќе бидеме на теренот бидејќи имаме повредени ракометари. Ќе имаме тренинзи до овој дуел в сабота, па потоа ќе знаеме со кој состав ќе се најдеме на теренот. Ова ќе биде интензивен меч како и секогаш кога се среќаваме со Металург. Очекувам салата да биде исполнета и публиката да ужива во овој дерби дуел. Ние сме прво место и мораме да победиме. Знам дека сме фаворит, но тоа мораме да го потврдиме и на теренот“, рече Гонзалес пред одигрувањето на претпоследниот меч во 2017 година.