Раул Гонзалес: Одбраната 5-1 ќе биде главното оружје и на репрезентацијата

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Раул Гонзалес кажа зошто за оваа ЕХФ-недела нема да има контролни средби. Ќе се тренира секој ден по двапати освен в четвтрок и в сабота, но затоа ќе може добро да ги подготви момците за она што го планира.

„Не сакав да играме натпревари бидејќи немаме многу време и сакам да се подготвиме како екипа. Сакам да се подготвиме колку е можно подобро и преферирам да тренираме. Кога се подготвуваш за натпревар не можеш добро да се подготвиш“, вели Раул.

Тој смета дека кога се подготвувале за натпреварите немал доволно време и можност за да го одработи сето она што го замислил.

„Кога бевме собрани за претходните средби не можевме многу да се подготвуваме. Тогаш сакавме да победиме на натпреварите и се подготвуваме стриктно за тие средби. Не можевме да се подготвиме добро. Сега ќе бидеме без притисок и ќе можеме да одработиме се што е замислено“.

Во составот има само еден дебитант, а другите играчи се истите кои и претходно биле дел од репрезентацијата.

„Јане Цветковски е единствениот којшто е нов во репрезентацијата. Јоноски е повреден, а ќе го нема и Кире Лазаров. Кузмановски е повреден, а не знам каква е ситуацијата и со Стоилов кој се повреди на еден од последните натпревари за Вардар“.

Целта на овие подготовки ќе биде и да се проба новата одбрана, која што сезонава на Вардар му донесе огромен успех на средбите во Лигата на шампионите и во СЕХА.

„Сега ќе работиме и на 5-1. Кога го имавме Влатко Митков во тимот можевме да играме 6-0, но сега без него ќе биде потешко. Сега ќе треба да одработиме на тренинзите 5-1 и да научиме како да ја играме најдобро оваа одбрана“, изјави Гонзалес,