Раул Гонзалес: Да уживаме во одличен ракомет со четирите најдобри екипи во светот (ВИДЕО)

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес втора година по ред ги води своите момци на завршниот турнир во Келн. Тој има можност да стане првиот тренер кој со своите ракометари ја одбранил титулата на Ф4 турнирот, па јасно е дека ова ќе биде возбудлив дуел на кој се очекува да биде видено најдоброто.

Сепак, Раул не сака да зборува дека тој и момците се под приситок, туку сака да зборува за тоа дека атмосферата е опуштена и дека треба да уживаат во она што им претстои бидејќи тие се шампиони.

„Најдобрите четири екипи во светот се тука во Келн. Јас не сметам дека ние имаме притисок бидејќи ја браниме титулата туку мораме да одиграме квалитетно и да бидеме максимално ангажирани. Треба да уживаме на теренот и комплетно во целиот претстој тука во Келн. Концентрирани сме на полуфиналето, а што че биде после него ќе видиме. Ќе биде тешко утре бидејќи Монпелје игра многу различни одбрани и тоа бара голема ротација, но се подготвувавме за овој двобој“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.