Раул Гонзалес: Го искористивме заморот на Целје после мечот со ПСЖ

Ракометарите на Вардар забележаа уште една победа во СЕХА-лигата, а таа е веќе тринаесетта за „црвено-црните“ во регионалното натпреварување. Целје немаше шанси за успех на мечот против актуелниот шампион така што вардарци без проблеми се изборија за уште нови три бода.

После мечот во кој Вардар победи со 35:27, тренерот Раул Гонзалес го кажа своето видување за направеното на средбата.

„Екипата на Целје цела сезона игра многу убав ракомет и секогаш е тешко да се игра против овој тим. Имаа тежок меч против ПСЖ пред два дена и заморот ги стигна против нас. Ние направивме голема разлика во првиот дел, а во второто полувреме тие одиграа подобро и успеаја да намалат. Нас ни останува да се подготвиме добро на следните натпревари“, изјави стратегот на „црвено-црните“.