Раул Гонзалес: Горд сум на овие момци (ВИДЕО)

После победата против ППД Загреб и освоената нов круна во СЕХА-лигата, Раул Гонзалес го искажа своето мислење за она што неговите момци го сработија денеска.

300x250

Ова е негова трета титула со ракометарите на Вардар во ова натпреварување и вкупно четврта за клубот, па има причина за да биде задоволен за она што беше направено.

„Честитки за Загреб и за играчите и за тренерот. Одиграа одличен натпревар. Во првото полувреме Загреб играше добро и во нападот и во одбраната, а противникот се снајде и добро и со нашата 5-1 одбрана. Успеа да покаже добра игра, а ние успеавме да реализираме неколку контри и успеавме да го добиеме овој меч. Среќен сум што успеавме да го добиеме ова финале. Целата сезона ја одигравме на високо ниво. Горд сум на она што го направивме, па ќе имаме малку одмор, па потоа мораме да се подготвуваме за следното“, изјави Раул Гонзалес.