Раул Гонзалес: Во Вардар научив дека тренерот и ракометарите треба да дишат како едно

Прифаќањето на предизвикот да седне на клупата на ПСЖ на Раул Гонзалес му донесе можност да работи со големите ѕвезди од тимот од Париз. Тој веќе неколку месеци е во клубот и има добри резултати.

ПСЖ има четири победи со кои го има првото место во групата Б и тоа е еден од трите тима кои имаат максимален број на бодови заедно со Вардар и Пик Сегед. Сега се наоѓа во поинаква ситуација бидејќи во Париз и ситуацијата е поинаква, а самиот вели дека притисокот е сосема поинаков од оној што го имаше во Вардар.

„Ако се погледне квалитетот на лигата тогаш разликата е голема. Ако не играте добро тогаш сите од тимовите во лигата можат да дојдат до победа против вас. Во Вардар беше поинаку. Имав простор да се фокусирам на Лигата на шампионите. Меѓутоа и организацијата на клубот е многу поинаква“, вели Раул во интервју за интернет страницата на Европската ракометна федерација.

За титулата освоена во 2017 година смета дека е една од највисоките точки во неговата кариера.

„Титулата во Лигата на шампионите беше една од највисоките точки во кариерата од многу причини. Работевме многу за да успееме да ја оствариме оваа цел и сето она што го вложивме во тренинзите се исплатеше. Затоа сум многу горд. Успеавме да победиме многу силни екипи во Европа, а нема многу такви работи во ракометот“.

Од Скопје понесе неколку важни лекции кои сигурно ќе му бидат од голема помош и во работата во тимот во Париз.

„Секогаш мора да се обидеш да го направиш она што сакаш со тимот. Треба да размислувате заедно, тренер и ракометари и да не бидете изолирани едни од други. Исто така секогаш ви треба време за да работите“.

Сега во тимот има и голем број на ѕвезди, па секако и начинот на работа е поинаков.

„Многу е комплицирано. Тие се навикнати да работат со некои поинакви методи и кога пристигнав тие мораа да сменат сè во нивните глави. Тоа е многу тешко за нив и за мене, затоа што морам да се прилагодам и јасно ми е дека ништо нема да се промени за еден ден“, вели Гонзалес.

Тој има четири победи во Лигата на шампионите, додека во првенството на Франција