Раул Гонзалез: Изгледаше дека е лесно, но верувајте дека не беше така

Раул Гонзалез дојде до втор пласман на големо натпреварување со Македонија и успеа да се избори за пласман на Мундијалот во Данска и во Германија. Ракометарите знаеја како уште еднаш да се изборат за триумф така што можат да се подготвуваат за она што претстои.

Тој после средбата имаше свое видување на она што беше покажано на теренот.

„Можеби изгледа дека беше лесно, но верувајте дека не беше така. Постоеше голем притисок, но мислам дека ние во текот на целиот натпревар ја контролиравме ситуацијата. Имавме добар почеток на средбата и предност со која имавме мирна игра. Потоа моравме да се враќаме од негатива и не дозволивме финиш во кој нема да биде јасно кој ќе се пласира на Светското првенство. Романија влегуваше во серии, но тоа е нормално кога станува збор за селекција што нема што да загуби. Знаевме дека пак ќе играат со 7 на 6, но имавме одговор. Едно е сигурно, ние ќе играме на СП затоа што бевме подобри од Романија.“, изјави Раул Гонзалес на пресот после средбата.