Раул ги водеше “Светците” до победа над Мешков

Првиот натпревар на силниот турнир во Стразбург заврши со победа на тимот на ПСЖ над Мешков Брест со 35:29.

300x250

Ова беше одличен натпревар на ракометарите на ПСЖ кои во оваа сезона ќе бидат предводени од страна на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес. ПСЖ сосема очекувано дојде до победата, па на најдобар начин го отвори турнирот.

Утре Раул и момците ќе ги одмерат силите со екипата на Вардар. Средбат почнува од 20:30 часот. Вечерва, пак, во вториот меч составот на Монпелје ќе се судри со Нант на Кире Лазаров. Почетокот е од 20:30 часот.