Раул: Германците ќе играат во полуфинале, но јас имам доверба во моите играчи

Македонија веќе е во главната фаза на Европското првенство, откако по драматичната победа над Словенија, славеше и над Црна Гора. Момците на Раул Гонзалес не одиграа на ниво, меѓутоа и така стигнаа до победа, која не само што ни донесе место во главна фаза, туку и место во групата на носителите пред ждрепката за баражот за следното СП.

„Честитки за моите играчи што дадода се од себе и сега имаме 4 бодови поминавме група. Вчера ужвавме многу натрпреварот беше многу тежок, но сите очекувамве дека нема да биде така. Се потрудивме многу кога имавме проблеми на полувреме Црна Гора беше подобра, а во вториот дел имавме 4 голови предност, но треба да заборавиме дека имаме две победи и да се фоксуираме на Германија, затоа што ти спред мене ќе играат во полуфинале. Имаме шанса, теба да се подготвивме, имаме доверба во играчите, иако сме уморни, но ќе се обидеме да играме добро. Ќе гледаме видео, ќе тренираме, ќе видиме каква е ситуација со повреди, па ќе одлучам кој ќе игра на следниот натпревар.“ – вели Раул.

Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот со Германија, кој се игра утре со почеток во 18:15 часот во „Арена Загреб“.