Ратинген победи во гости иако Јоноски не играше

Еден од најдобрите дефанзивци кои Македонија ги имала во својата репрезентација, Ацо Јоноски не беше на гостувањето на Ратинген кај Вајденер. Тој беше еден од тројцата кои не можеа да настапат на овој дуел, но нема конкрентна информација за каква повреда се работи.

300x250

Колегите, сепак, одработија добро и успеаја да стигнат до триумф од 29:21 со што само ја зацврстија третата позиција на табелата.

Засега тимот на Јонсоски има 24 поени, а заостанува шест бода во однос на првопласираниот Бон и пет од второпласираниот Лангефелд.