Ратинген најави репрезентативец на Македонија како засилување

На својата Фејсбук страна екипата на Ратинген од Германија најави дека во новата сезона ќе има дури тројца ракометари од Македонија, а се очекува деновиве и официјално да го објави името на играчот кој пристига како засилување.

Во тимот на Ратинген игра Ацо Јоноски, а во новата сезона друштво ќе му прави и Петар Ангелов. Името на третиот играч кој ќе дојде во клубот уште не е соопштено, но неофицијално се работи за Филип Лазаров кој го напушта Бешикташ и се сели во Германија.

Ова значи дека амбициите на клубот се зголемени и дека Ратинген во новата сезона влегува со желба да се пласира ранг повисоко, а сигурно дека Ангелов, Јоноски и Лазаров можат да го донесат квалитетот кој е потребен за да се успее во намерите да се дојде до остварување на целта.

Најавата беше направена со интересна слика на која се наоѓаат Ангелов и Јоноски, а третиот играч е засега затемнет и стои само знамето на Македонија.