Рано, рано во Загреб: Македонци ја „нападнаа“ билетарницата во Арена (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Бројот на навивачи од Македонија станува се поголем во Загреб, а фановите веќе ја опколија Арената во која вечерва ќе се игра дуелот против Словенија од 19:30 часот.

Навивачите ја „нападнаа“ билетарницата и веќе се во голем број кој се очекува до почетокот  на средбата да расте и да се достигне убава бројка.

Што се случува во моментов пред Арената во Загреб можете да погледнете од фотографиите, а дефинитивно се очекува да стане се пожешко и повозбудливо.