Ракомет со хиџаб: Заврши првиот женски шампионат во Авганистан (ФОТО)

Во првото финалето на женскиот шампионат организиран од Ракометната федерација на Авганистан, тимот од Кабул беше подобар од тимот на Херат со резултат 15-5.

Во првиот женски шампионат во Авганистан, учествуваа 50 ракометарки, од кои 14 беа избрани за младинската и за сениорската селекција.

Сите ракометарки на натпреварите настапија со традиционалниот хиџаб.