Ракометниот со атракции како вистинскиот Меси (ВИДЕО)

И ракометот си има свој Лео Меси, а тој е сонародник на вистинскиот. Аргентинецот игра за новиот освојувач на титулата во Лигата на шампионите и со својата атрактивна игра ги заслужува сите споредби со фудбалерот на Барселона.

Диего Симонет имаше одлична сезона со Монпелје и беше еден од најдобрите ракометари во шампионатот на Франција, но и во Лигата на шампионите. Она што успеа да го направи секако е за секоја пофалба.

Од големиот број на атрактивни потези изделени се неколку во видеото во продолжение и вреди да се погледне.