Ракометниот “бисер” останува во Целје до 2022 година (ФОТО)

Екипата на Целје Пивоварна Лашко го продолжи соработката со еден од најголемите ракометни бисери, словенечкиот младински репрезентативец-Домен Макуц, кој ова лето на само седумнаесет години го имаше своето деби за првиот тим на словенечкиот шампион.

Целјаните најпрво имаа договор со Макуц до 2020 година, но по одличнити игри оваа сезона каде го сврте вниманието на ракометниот свет, Целје ја продолжи соработката со ракометниот бисер до 2022 година.

Макуц во својата прва сезона во сениорскиот тим на Целје Пивоварна Лашко влезе во историјата на ракометната игра како прв ракометар роден во 2000 година и покасно кој се запишал во листата на стрелците во Лигата на шампионите. СЕХА Ф4 турнирот во Скопје, беше вистинска шанса за словенечкиот тинејџер да го покаже сиот свој потенцијал, и навистина со своите фантастични перформанси го сврте вниманието на целокупната ракометна публика во регионот и пошироко.

Домен Макуц во 2015 година пристигна во екипата на Целје Пивоварна Лашко, и за многу кратко време ја доби довербата на тренерот Бранко Тамше да го покаже сиот свој потенцијал. Дебито за Целјаните го имаше во сезоната 2015/2016 против својот поранешен клуб, РК Јадран Хрпеље во рамките на словенечкиот Куп. Во досегашниот престој во редовите на словенечкиот шампион Макуц има одиграно 41 натпревар на кој има постигнато 59 голови.

Фото: Целје Пивоварна Лашко/фејсбук