Ракометна 2017 низ објективот на 24Ракомет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во последните часови од новата година, се навраќаме на најубавите моменти од ракометна 2017 година. Започнавме стандардно со македонската сениорска репрезентација и настапот на Светското првенство 2017 во Франција, продолживме со  белоруското издание на СЕХА Ф4, тагувавме со вардарки во Будимпешта, а се радувавме со вардарци во Келн. Во меѓувреме Раул Гонзалес го презема селекторското столче и успеа да обезбеди пласман на ЕП со доминантна победа против солидната репрезентација на Чешка. Летниот период го одбележаа младинците кои од мундијалот во Алжир се вратија со 6 место, а во сенка на ракометните собири се одржа и Европското првенство во ракомет на плажа чиј домаќин беше Хрватска.

Почетокот на новата сезона го одбележа настапот на Вардар во Доха на Супер глоуб, продолжи со одлични партии на актуелните европски прваци и женскиот колектив на Вардар… Како ја видовме 2017 низ објективот на 24Ракомет можете да погледнете во продолжение.

ФОТО: КОЧО СОТИРОВСКИ, СЕХА ЛИГА, РК Вардар/ДЕНИС ДУКОВСКИ