Ракометен час по аеробик во „Јане Сандански“ (ВИДЕО)

Загревањето пред секој натпревар, без разлика дали се работи за тимски или поединечен спорт, е максимално важен дел, а секој состав има свој начин на кој го прави тоа. Во СЦ „Јане Сандански“ репрезентативците на Унгарија го прават тоа на посебен начин, па секое загревање е различно односно кондицискиот тренер задава различни вежби во однос на претходниот ден, а комплетната сесија трае 7-8 минути.

Вежбите наликуваат на час по аеробик, а доколку сакате да научите можеби некоја нова вежба или да се обидете да вежбате можете да го погледнете видеото.