Ракометар патувал 1500 километри во два дена и стигнал на време за првиот меч на ЕП

Еден од најдобрите дефанзивци во репрезентацијата на Австрија, Ромас Кривелиавичиус мина над 1500 километри во само два дена.

300x250

Причината за ова патување беше доаѓањето на свет на неговата ќеркичка, а убавата вест ја дознал само еден час после пристигнувањето во Пореч.

После 543 километри патување тој морал веднаш со првиот авион да се врати во Виена за да ја види сопругата, но радоста траела кратко бидејќи веднаш морал одново кон Пореч каде што им се приклучил на колегите пред дуелот со Белорусија.

Австрија загуби на овој меч со 26:27, но Кривелиавичиус имал повеќе причини за радост и за задоволство.