Ракометар на Грузија постигна 20 гола и ја среди Белорусија

Домаќинот на ЕХФ-шампионатот, Грузија имаше одличен натпревар во 2. коло против селекцијата на Белорусија и се избори за големи два бода откако победи со 32:24.

Сепак, овој дуел ќе остане забележан по тоа што беше поставен рекорд по број на голови на еден натпревар на ваков шампионат. Гиорги Човребадзе успеа да постигне дури 20 гола со што буквално самиот ги нокаутираше Белорусите во мечот кој и донесе на Грузија одлична позиција во битката за полуфинале.

Овој момент секако останува запишан и ќе биде тешко да се надмине до крајот на првенството од некој друг играч.

Инаку, претходно на ЕХФ-шампионатот во Грузија, Никола Костески беше прв кој имаше 11 гола на еден меч и тоа после првиот ден беше најдобро.

ЕХФ-ШАМПИОНАТ (ГРУЗИЈА)

ГРУПА А

2.КОЛО

ЕСТОНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ       21:31

ЛИТВАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА  18:39

ЛУКСЕМБУРГ – МАКЕДОНИЈА          25:31

3.КОЛО (УТРЕ)

09ч

ШВАЈЦАРИЈА – ЛУКСЕМБУРГ

11ч

МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

13ч

ЕСТОНИЈА – ЛИТВАНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Швајцарија 4 бода (72:40); 2. Македонија 4 (63:55); 3. Фарски острови 2 (57:53); 4. Луксембург 2 (57:57), 5. Естонија 0 (43:64); 6. Литванија 0 (48:71).

ГРУПА Б

2.КОЛО

ГРУЗИЈА – БЕЛОРУСИЈА         32:24

ГРЦИЈА – ИТАЛИЈА     20:27

3.КОЛО (УТРЕ)

15ч

ГРЦИЈА – ГРУЗИЈА

17ч

ИТАЛИЈА – ФИНСКА

ТАБЕЛА: 1. Грузија 2 бода (57:49); 2. Италија 2 (27:20); 3. Белорусија 2 (56:54); 4. Финска 1 (25:25); 5. Грција 0 (42:59).