Ракометарките тргнуваат од трет квалификациски шешир кон ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија последниот настап на големо натпреварување го имаше во 2012 година, а следна шанса ќе има за пласман на СП во бараж двомечот против Словенија во јуни.

Следната акција ќе биде за пласман на континенталниот шампионат во Норвешка и Данска кон крајот на следната година.

Пред ждрепката за квалификациската група, нашата репрезентација се најде во третиот шешир, па нема да игра против незгодни селекции како Украина, Австрија, Белорусија и Словачка. Во овој шешир се уште Турција и Италија, од кои сме губеле во минатото.

Ждрепката ќе се одржи на 4 април во Копенхаген од 18:00 часот.

1 шешир: Франција, Холандија, Русија, Шведска, Романија, Црна Гора, Германија
2 шешир: Србија, Чешка, Унгарија, Шпанија, Словенија, Полска, Хрватска
3 шешир: Украина, Австрија, Белорусија, Словачка, Македонија, Турција, Италија
4 шешир: Швајцарија, Исланд, Португалија, Литванија, Фарски Острови, Косово, квалификант

Последната репрезентација што ќе биде дел од последниот шешир, ќе биде позната по одигрувањето на претквалификацискиот турнир на кои ќе играат Израел, Грција, Финска и Луксембург, а тој ќе биде на програмата од 31 мај до 2 јуни годинава.

Квалификациите, пак, ќе се играат во три циклуси – септември 2019, март 2020 и мај 2020 година. Од формираните седум групи по четири репрезентации, на ЕП ќе играат првите две пласирани, плус домаќините Данска и Норвешка.