Ракометарките со куглање билдаат атмосфера пред мундијалските квалификации (ВИДЕО)

Женската сениорска репрезентација претстојниот викенд во СЦ „Борис Трајковски“ ќе одигра три натпревари од квалификациите за пласман во баражот кој носи место на СП. Противници на избраничките на Симе Симовски ќе бидат Азербејџан, Исланд и Турција редоследно, а само првото место води во баражот.

Иако не одиграа пријателски натпревари поради тоа што дел од репрезентациите играат на Европското првенство, а дел квалификации во различни термини, сепак селекторот и неговите избранички се оптимисти околу пласман во баражот.

Ракометарките слободното време го поминаа на куглање и билдаа позитивна атмосфера во националниот тим пред стартот на натпреварите.

Погледнете која меѓу ракометарки е најдобра на кугларските патеки…