Ракометарките на Митјиланд во навивачко лудило! (ВИДЕО)

Ракометарките на Митјиланд доста бурно го прославија пласманот ви четвртфиналето на Лигата на шампионките и престојниот четвртфинален дуел со ЖРК Вардар.

Данските ракометарки мораа да чекаат до последното коло и дуелот против Никобинг за да го заверат пласманот, а по завршување на средбата во соблекувалната прославија во навивачки стил, на кој можат да им позавидат и најдобрите навивачки групи.

Митјиланд ќе биде последната пречка на вардарки на патот до Будимпешта. Првиот дуел во Данска е закажан во периодот помеѓу 6 и 8 април, а ревашнот во Скопје ќе се одигра во термиот помеѓу 13 и 15 април.