Ракометарките во солзи, цел град слави: Крајова е освојувач на ЕХФ купот (ФОТО+ВИДЕО)

Ракометарките на Крајова се освојувачи на ЕХФ купот во женска конкуренција, откако во реванш финалниот натпревар го совладааа дански Кристијанштад Виперс со 30-25.

По поразот во првиот натпревар во Данска од 26-22, ракометарките на Крајова, а посебно нивните навивачи никогаш не престанаа да веруваат во потребниот триумф и освојувањето на ЕХФ тутулата. Фанатичноста на навивачите на овој клуб одеше до тамо што што кампуваа по цели ноќи само за да стигнат до билет за овој натпревар, знаејќи дека салата во Крајова собира само 4000 гледачи.

Упорноста и вербата во својот клуб се исплатеше, а ракометарките им вратија на најдобар можен начин, со освојување на големиот пехар. Во драматично финале Крајова успеа да слави со само едем гол разлика 30-25 но вкупно со само еден гол предност, знаејќи дека во Данска загуби со четири голови разлика 26-22.
Најголемите заслуги за освојувањето на титулата одат зад името на голманката Јулија Думанска која имаше фантастична вечер на голот на Крајова успевајќи да одбрани голем број зицери на противникот и тоа во последните неколку минути кога се одлучуваше која екипа ќе се искачи на врвот.