Ракометари се тепаа за името Македонија во Грција, Будимир демантира

Млади ракометари oд Македонија се истепаа со Грци во Неи Пори, а причината е името на нашата земја.

Како што пренесува порталот А1он.мк до тепачката дошло откако младите момчиња биле слушнати како зборуваат на македонски во една играчница. На прашањето од каде се кажале дека доаѓаат од Македонија, при што жената која ги испрашувала повикала неколку грчки тинејџери.

Притоа дошло до тепачка, па морала да интервенира полицијата. Ракометарите биле дел од кампот на Андријана Будимир, а неофицијално има неколку кои завршиле со телесни повреди.

На ваквите информации имаше реакција од страна на Андријана Будимир. Таа на Фејсбук профилот на нејзината Ракометна школа објави демант.

„Сакам најостро да ја демантирам веста објавена во некои медиуми дека дошло до инцидент помеѓу децата од мојата ракометна школа и нивни врсници од Грција.

Не ја разбирам потребата да се исполитизираат спортските активности кои традиционално во овој период од годината се одржуваат во Неи Пори, Грција.

Напротив, можам да кажам дека се’ помина во најдобар ред и дека грците беа одлични домаќини.

Ракометното школо „Андријана Будимир“ и идната година својот летен камп ќе го одржи во Неи Пори, Грција“, стои во демантот на Будимир.“-стои во соопштението.