Ракометари од Емирати на македонското дерби во СЕХА (ФОТО)

На трибините на средбата меѓу Вардар и Металург синоќа имаше околу 1500 љубители на ракометот кои можеа да уживаат во пресметката меѓу ракометарите на двете екипи. Меѓу публиката имаше и гости од Обединетите Арапски Емирати кои се во Скопје на подготовки за учеството на Азиските игри.

Се работи за репрезентацијата до 20 години која имаше можност да ги види на дело ракометарите на двете најдобри екипи од Македонија.

Инаку, селекцијата на ОАЕ веќе одигра средби со Вардар, а ќе игра и против тимовите на Металург, Пролет и Цемс, па ова ќе биде одлична можност за момците од оваа земја да одиграат шест силни контролни средби пред враќањето во својата земја.

Домаќин на ракометарите и стручниот штаб на оваа селекција е Владимир Глигоров, а секако можноста да се проследи средбата беше одлична за да се види како е да се игра на дерби дуел.