Ракометарите прошетаа до Беласица, подготвени се за голема победа против Грција (ФОТО)

Репрезентацијата на Македонија се подготвува за последниот меч од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а играчите се во одлична атмосфера. Тие се наоѓаат во Струмица каде утре од 18 часот го играат мечот со Грците.

Атмосферата е одлична, а сите играчи кои заминаа за Струмица се подготвени за она што претстои. Селекторот Брестовац денеска имаше можност и да ги одмори момците и сите заедно да прошетаат, а беа заедно на Колешинските водопади.

Како што може да се забележи атмосферата е на високо ниво што секако е добредојдено пред утрешниот меч на кој ќе се брка победа за потврда на првото место во групата и воедно подобра позиција при ждрепката за групната фаза на шампионатот.

Има мали измени во однос на дуелот со Турција, но дефинитивно сите кои ќе се најдат на терен ќе го дадат максимумот за уште еден триумф и финиш на квалификациите како што се посакува.