Ракометарите на Кил со “баскет” се загреваат за Вардар (ВИДЕО)

Ракометарите на германскиот гигант Кил ќе бидат последната пречка за Вардар на патот кон ново учество на Ф4 турнирот во Келн.
Германците не ја започнаа најдобро оваа сезона, но како што одминуваше времето Кил фаќаше ритам и се чини дека во одлична форма ќе го пречекаат актуелниот европки бранител Вардар.
Во пресрет на првиот четвртфинален дуел популарните “зебри” пред тренингот се загреваат со баскет, а шведскиот интернационалец Лукас Нилсон покажува дека покрај ракометот одлично му оди и со кошарката.