Ракометарите на Загреб останаа дома, дуелот со Спартак е одложен

Натпреварот меѓу Спартак Москва и ППД Загреб од СЕХА лигата кој беше закажан за утре нема да биде одигран во предвидениот термин и веќе е одложен, а причините се кај гостите.

Според информациите се работи за проблеми со авионот поради што ППД Загреб не беше во можност да отпатува за Москва на натпреварот и ракометарите мораше да останат дома.

Засега нема информации кога би се одиграл овој дуел, но со оглед на тоа што се работи за оправдани причини нема да има санкции туку ќе има нов термин. Оттаму во скоро време ќе биде познато кога Загреб ќе патува за Москва и ќе и гостува на екипата на Спартак.

Инаку, утре ќе им има две средби, а на едната од нив настапува и тимот на Вардар, кој ќе гостува кај Татран Прешов. Средбата меѓу Татран и Вардар почнува од 20:45 часот.