Раководните луѓе на РФМ ги бодрат репрезентативците во “Парк”

Машката сениорска репрезентација на Македонија во овие моменти го игра последниот натпревар против јужниот сосед од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

На трибините во салата “Парк” во Струмица, се наоѓаат и раководните луѓе на Ракометната федерација на Македонија, генералниот секретар Филип Милошевски и претседателот Живко Мукаетов.

Со победа против јужниот сосед, Македонија ќе го освои првото место во групата.