Радовиш запиша бодови против Струга

Тимот на Радовиш по поразот на гостински терен кај Бутел Скопје во минатото коло, се врати на победничките патеки во Суперлигата и славеше против составот на Струга со 29-27. Избраниците на Љупче Мијалов водеа во текот на целиот натпревар, но во ниту еден момент не смееја да се опуштат, бидејќи стружани секогаш беа тука некаде.

Гостите дури и водеа во поголемиот дел од првото полувреме, но на пауза се замина со водство од 14-12 за домашниот тим. Во второто полувреме Радовиш се одлепи на 24-20,  Струга намали на 28-26, но немаше ниту сили а ниту време за камбек во натпреварот, кој заврши 29-27.

Најдобри стрелци кај домашните беа Ивица Илиев со девет, како и Златко Везенковски и Филип Николов со по пет погодоци, додека кај Струга се истакнаа Цветан Кузманоски со седум, и Слободан Новаковиќ и Христијан Крстаноски со по пет голови.