Радовишани лесно го надиграа Прилеп

Тимот на Радовиш очекувано се избори за триумф на дуелот против Прилеп и финишираше во сезоната со победа, па во плеј-аут лигата ќе влезе од највисокото место меѓу петте тимови коишто си обезбедија пласман за да играат во ова натпреварување.

На дуелот против Прилеп беше јасно кој ќе победи уште пред почетокот на средбата, а на теренот се виде разлика во квалитет. Гостите водеа во првите неколку минути. Имаа 1:0 и 2:1, но потоа радовишани ја преземаа работата во свои раце и постојано ја зголемуваа предноста. Во ниту еден момент не дојде во прашање победата, а на одмор се виде кој ќе слави на овој меч.

Радовиш водеше со 22:12, па во продолжение само ја зголемуваше позитивата и до крајот си обезбеди уште поголема предност која стигна до 17 гола.

РАДОВИШ – ПРИЛЕП   41:24 (22:12)

Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Гледачи: 800. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

РАДОВИШ: Паунов, С. Спасов, Илиев 6, Марков, Трајанов 5, А. Спасов 1, Долдуров 6, Ѓорѓиев, Јованов 1, Фенов, Соколов, Т. Спасов 4, Симиќ 6, Ристов 9, Мајиќ, Јованов 3.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 4 мин.

ПРИЛЕП: Ангелески, Ивчески, Амзоски 2, Нешкоски 2, Алексоски 1, Јосески 1, Јанески 1, Сврлинов 3, Стојаноски, Галев, Шокоски 6, Симоноски 2, Крстески, Трајкоски, Тинтор, Тодески 6.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: