Радичевиќ: Се надевам дека со Будуќност ќе играме и во финалето на ЛШ

Ракометарките на Вардар триумфираа во финалето на ВРХЛ лигата откако во финалето го победија традиционално незгодниот ривал Будуќност. Во мечот за златниот медал вардарки триумфираа со 27-25 (15-14), што е добра увертира пред настапот на Ф4 турнирот во лигата на шампионите во Будимпешта.

Матеа Плетикосиќ, ЖРК Будуќност: Одигравме добар натпревар, но има многу да поправаме. Треба да работиме на грешките и многу да поправиме пред да играме на Ф4 во Лигата на шампионите.

Јованка Радичевиќ, ЖРК Вардар: За нас и Будуќност овој турнир е од голема корист затоа што не чека Ф4 турнир во ЛШ. Среќни сме што победивме и што пехарот останува кај нас. Ова е добра најава за главната битка во ЛШ. Имаше грешки кои мора да ги исправиме до сабота, но се боревме до крај. Не ѝ дозволивме на Будуќност да се доближи. Овој триумф е само рецепт како треба да играме на Ф4 во ЛШ.

Драган Аџиќ,ЖРК Будуќност: Вардар покажа најмногу во регионалната лига. Им честитам на триумфот. Одигравме еден квалитетен натпревар, се беше корисно за Вардар и Будуќност во ЛШ. Би било сјајно да има реприза Вардар-Будуќност финале и во ЛШ.

Аце Станковски, ЖРК Вардар: Честитки до ракометарките за добрата игра. Натпреварите меѓу Вардар и Будуќност секогаш се агресивна игра. Пресуди желбата за победа кај нас. Тоа што го планиравме – го остваривме. Натпреварите во Регионалната лига добро ни дојдоа пред Ф4 во ЛШ. Уште еднаш, честитки до мојата екипа за првото место. Се надевам двете екипи ќе се сретнат во финалето на ЛШ.