Радичевиќ: Поразот од Мец дојде во вистинско време, да не летнеме во облаци пред четвртфинале

По поразот од Мец, прв оваа сезона, ракометарките на Вардар ги чека нов предизвик, дуел со германскиот шампион Битигхајм. Иако загубија, вардарки се на првата позиција и имаат можност да останат таму, но ќе мора да победат на задутрешниот дуел. Десното крило Јованка Радичевиќ, смета дека поразот од Мец дошол во вистинско време за отрезнување.

300x250

„Имаме уште два меча, имаме против  Битигхајм и Будуќност. В петок сакаме само да победиме и на тој начин да го решиме првото место во групата. Изгубивме од Мец, поразот дојде во право време, за да не летнеме во облаци и мислам дека загубивме само поради нашите грешки. Тие играа исто како и досега, само ние не бевме на нашето ниво. Со нашата добра енергија, добра одбрана ќе треба да стигнеме до победа. Битигхајм не намачи кај нив во првиот дел и ќе сакаат да не пореметат нашиот ритам. Ги повикувам нашите навивачи и со нив да дојдеме заедно до победа и до првото место.“ – вели Радичевиќ.

Мечот меѓу Вардар и Битигхајм се игра в петок со почетокот од 19 часот.