Радичевиќ за 24Ракомет ТВ: Се надевам дека ќе знаеме да уживаме на теренот (ВИДЕО)

Црногорката Јованка Радичевиќ е веќе четврта сезона во македонскиот првак Вардар, а пред да се пресели во Скопје, беше дел од унгарскиот Ѓер, со кој стана европски шампион. Десното крило на „црвено-црниот“ тим посакува да се искачи по вторпат на врвот, но сега со Вардар. ЧСМ Букурешт по втор пат ќе биде противник на македонскиот шампион, но како што вели Радичевиќ сега тие се позрели за една година.

Целосна изјава за 24Ракомет ТВ погледнете ја во продолжение…