Работнички со прво засилување за новата сезона – доаѓа Украинецот Сулима

Новиот суперлигаш Работнички веќе го обезбеди првото засилување за новата сезона во елитната конкуренција.

Поранешниот украински репрезентативец, десниот бек Сергеј Сулима ќе биде нов член на тимот што преку баражот со Прилеп се врати во Суперлигата.

Тој доаѓа на местото на Олег Кумогородски, кој заминува во Германија, а вториот Украинец Дмитро Полак останува да го носи дресот на Работнички и во следната сезона.