Работнички продолжува без Стоилов и Левов

Екипата на Работнички во продолжение на сезоната нема да смета на услугите на двајцата искусни ракометари Мите Столов и Милан Левов.

Стоилов веќе подолго време има проблеми со коленото, а последните лекарски консултации не беа позитивни за 31-годишниот бек. Повредата е сериозна и за санирање потребен е оперативен зафат кој ќе го одалечи од терените неколку месеци.

Од друга страна управата на клубот одлучи да ја прекине соработката со десниот бек Милан Левов. Пред Работнички, тој настапуваше за екипата на Охрид, а по повредата тренираше во Битола, но наместо за Пелистер потпиша со амбициозниот скопски клуб и на почетокот на октомври им се приклучи на „романтичарите“. Во овие два месеца, тој не успеа да се докаже во составот на Бошковски.

Работнички ќе ја заврши годината со истиот состав, а од јануари се најавуваат неколку нови ракометари во „црвено-белите“ редови.