Пукна главата на Марсениќ (ВИДEО)

Натпреварот меѓу Франција и Србија од второто коло на Мундијалот, веројатно ќе заврши со очекувана победа на светскиот шампион.

Но во првиот дел од мечот, нашиот северен сосед беше достоен противник и одржуваше резултатска рамнотежа.

Дека избраниците на Ненад Перуничиќ се бореа максимално против Французите, говори и фактот што поранешниот играч на Вардар, Мијајло Марсениќ заврши со пукната глава!

При резултат 5-5, Лудовик Фабрегас го фаулираше Марсениќ, а тој по фаулот се судри со главата на Тимофеј Н’гесан и мораше да замине во солекувалната на интервенција, но сепак се врати да го доигра натпреварот.

Погледнете во видео прилогот…