ПСЖ со силен ритам: Целје не успеа да го запре вицешампионот на Европа

Финалистот од минатата сезона во Лигата на шампионите, ПСЖ ја забележа и десеттата победа во 11. меч сезонава во групата Б. Составот на Целје не можеше да се спротистави и да го запре тимот од Париз така што гостите ги однесоа бодовите.

ПСЖ победи со 31:26 и само продолжи да доминира во групата, па составот од Франција е на чекор од директен пласман во четврт-финалето.

Денеска во Целје најефикасен беше Генсхајмер кој постигна седум гола, а ист број голови имаше и Мацковшек од домашниот состав.