ПСЖ со моќна најава за новата сезона: Ќе ги запреме сите! (ВИДЕО)

Шампионот на Франција подготви кратко моќно видео во кои им стави до знаење на своите противници во Лигата на шампионите и во домашното првенство дека во новата сезона се решени да одат на висок пласман.

На видеото се појавуваат ветеранот Тиери Омејер кој ја игра најверојатно последната сезона во кариерата, потоа најдобриот ракометар на денешницата Никола Карабатиќ и левото крило од Германија Уве Генсхајмер.

Оваа порака секако ќе биде голема закана за противниците и ќе им стави до знаење дека во новата сезона со Раул Гонзалес на клупа тешко ќе може некој да дојде до бодови против нив. Затоа ќе мора сериозно да ја сфатат задачата и да бидат максимално мотивирани против принцовите.

ПСЖ влезе како носител на група во Лигата на шампионите и за противниците ќе биде тешка задача. Во групата се: Пик Сегед, Флензбург, Скјерн, ППД Загреб, Мотор, Целје и Нант.