ПСЖ останува без една од своите најголеми ѕвезди во Келн?!

Екипата на ПСЖ викендов ја освои својата четвртта титула во францускиот ракометен Куп, но сето тоа паѓа во втор план ако се знае дека францускиот шампион може да остане без услугите не еден од своите најдобри ракометари.

Имено за време на финалниот натпревар против Ним, страдаше тетивата на десната нога на еден од најдобрите ракометари на ПСЖ-Лук Абало.  Сето тоа ги загрижи челниците на францускиот шампион бидејќи оваа повреда доаѓа во доста незгоден момент, пред најважните битки на ПСЖ како во домашното првенство , така и на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Денеска беа извршени детални прегледи на ногата на Абало, па официјалните информации говорат дека ќе мора да мирува помеѓу две или три недели. Со оглед на тоа дека полуфиналниот дуел против Нант од Ф4 турнирот во Келн е закажан за 26 мај, останува можноста  Абало сепак да биде дел од ПСЖ во битката за најважниот клупски трофеј во европскиот ракомет.