ПСЖ не е ист без Карабатиќ

По двете победи над Веспрем, сите што помислија дека поразот од Ним бил само лош ден за ракометарите на ПСЖ, очигледно е дека се излажале. Кога во ростерот тимот од Париз го нема суспендираниот Карабатиќ станува јасно дека оваа екипа не е иста. Сеедно што во тимот беа сите други ѕвезди како Хансен, Омејер, Сагосен…

300x250

ПСЖ загуби на уште еден натпревар во францускиот шампионат, овојпат од Екс ан Прованс со 33:31. Цело време домашните го диктираа темпото, во неколку наврати имаа и убедливо водство, а се истакна Ејмерик Мине со 9 голови, додека на спротивната страна најдобар беше Ремили со 8, а Генсхајмер даде 7 голови. Омејер имае фантастични 19 одбрани, но и тоа не беше доволно за ПСЖ да избегне пораз.