ПСЖ и Кил ќе го „спасуваат“ Палмарсон?

Исландскиот репрезентативец Арон Палмарсон минатата сезона покажуваше знаци на незадоволство од престојот во Веспрем и од водењето на екипата од страна на Чави Сабате. Очигледно, не било до тренерот. Унгарците добија нов тренер во името на Љубомир Врањеш, но Палмарсон си замина во Исланд по првиот тренинг летово. Тој има потпишано со Барселона од следната сезона, а шпанскиот клуб не беше подготвен да го откупи договорот и за оваа сезона, па Палмарсон мораше да остане уште една во Веспрем.

Тоа не му се допадна на Палмарсон, а унгарскиот првак по неговото напуштање на подготовките, најави дека веќе не им е потребен во тимот, и дека ќе ги преземе сите мерки за да го санкционира неговиот потег. Два европски гиганти, меѓу кои и неговиот поранешен тим, ПСЖ и Кил, најавија заинтересираност да го откупат договорот од Веспрем, па да не мора Палмарсон да паузира цела година. Како ќе се одвива ситуација со еден од најдобрите европски ракометари ќе биде познато во следните денови.