ПСЖ го освои францускиот Лига Куп

Ракометарите на ПСЖ се својувачи на францускиот Лига Куп откако во финалниот дуел славеа над Феникс Тулуз со резултат 40-30 (20-15).

По синоќешниот убедлив триумф над Данкерк во полуфиналето (33-26), ПСЖ на доминантен начин стигна до трофејот во Лига купот.Феникс Тулуз имаше сили да парира само во почетните петнаесетина минути од натпреварот кога резултатот гласеше 9-9. Од тој момент следуваше серија од 3-0 за ПСЖ (12-9), предност која на полувреме се искачи на високи +5 (20-15).

Високата предност од полувремето, ракометарите на Сердарушиќ констатно ја зголемуваа во вториот дел, за на крајот да слават до убедливи 40-30.

Најпрецизен на натпреварот беше Никола Карабатиќ со 8, а го следеше Хансен со 6 гола.

Со овој триумф ПСЖ ја одбрани титулата во францускиот Лига Куп освојувајќи го првиот трофеј оваа сезона.