Против Словенија по бронза и убав крај на игрите во Тарагона

Откако вчера Македонија загуби во полуфиналето против Шпанија, денеска ќе има можност да се избори за бронзениот медал, а противник е Словенија која има силна репрезентација на Медитеранските игри.

Македонија покажа за време на турнирот дека заслужува респект и дека има кадар кој може да се бори против секого, но вчера недостигаше и малку повеќе среќа против домаќинот. Сепак, Шпанија е главен кандидат за златото и не беше воопшто лесно да се игра на тој дуел.

Денешниот дуел кој почнува од 17:30 часот е можност за поправен и треба да се искористи. Симе Симовски и девојките тоа одлично го знаат бидејќи ова е голема шанса за да нив и тие ќе треба да одиграат максимално на овој дуел и да се обидат да го направат она што ниту една селекција не успеала досега. Тоа е да се вратат од едно натпреварување со медал што секако ќе биде огромен поттик за во иднина.

Воедно медал од Медитеранските игри ќе значи и одличен вовед за Европското првенство во 2022 година на кое Македонија е еден од домаќините.

МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ – ЖЕНИ

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

17:30ч

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА

ФИНАЛЕ

20:00ч

ШПАНИЈА – ЦРНА ГОРА