Промени кај стрелците во Супер машка: Илиев за гол пред Мајиќ и Андоновски

Одигрувањето на 8. коло од Супер машката лига донесе промени и на Листата на стрелците. Ивица Илиев од Борец изби на врвот со само гол повеќе од Мирко Мајиќ и Ласко Андоновски. Со оглед на тоа што првиот дел од сезоната се комплетира со 9. коло тогаш ќе има и израмнување на силите, па ќе има и подобра ситуација на Листата на стрелците.

Пред овие средби битката е силна, а од првото до 4. место разликата е само четири гола така што следното коло ќе биде многу интересно.