Пролет ќе одмори уште еден месец, а потоа почнуваат новите напори

Претставникот на Македонија во Купот на ЕХФ, Пролет одработи одлична сезона во минатиот шампионат и се пласираше на 4. позиција, а во вторник ќе го очекува ривалот за 2. рунда од натпреварувањето. Ќе има сигурно интересен противник, а на списокот на тимови кои може да се паднат при ждрепката има квалитетни клубови.

300x250

Сепак, додека се очекува ждрепката се прават плановите и за подготвителниот период, па веќе се знае дека екипата стартува со тренинзи на 15 август. Прозивката и почетокот на тренинзите ќе бидат во Скопје, а една недела подоцна се заминува за Маврово.

Пролет во првите неколку дена ќе биде без тренерот Матлиески, кој во тој период ќе биде со кадетската репрезентација на ЕХФ-шампионатот во Грузија. Тој ќе се приклучи на 21 август кога тимот заминува на еднонеделни подготовки во Маврово.

Засега се планирани неколку контролни средби во Скопје пред почетокот на првенството на средината од септември, а останува да се види дали ќе има и други клубови во Маврово во периодот кога Пролет ќе работи таму за да може да се одигра уште некоја контролна средба плус.

Играчкиот кадар е речиси истиот од лани, па нема да има големи промени и со проверени сили ќе се влезе во новата сезона. Ќе се даде шанса и на помладите ракометари, па се верува дека и во новата сезона ќе може да се одигра исто така добро како и во минатата.